Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е еднакво важен како и нејзиното меѓусебно комбинирање.
Сите имаат различен вкус кога станува збор за храната, но сепак постојат некои комбинации на намирници кои воопшто не се добри по здравјето.
Поради тоа водечките нутриционисти даваат совети за луѓето да не прават грешка при комбинирање на намирниците кои ги консумираат.
Намирници кои не треба да ги комбинирате:
Ова не само што е лоша, туку и релативно опасна комбинација на храна. Тоа е така поради фактот што комбинацијата на овие две намирници го зголемува нивото на шеќер во крвта.
Белиот леб има особено високо ниво на гликемиски индекс (Gl) кој звушност делува како показател колку брзо производот може да го зголеми нивото на шеќерот во крвта.
Доколку мислите дека интегралниот леб може да се комбинира со џем, тогаш повторно грешите. Причините се исти. Имено таквата комбинација повторно доведува до пораст на нивото на шеќер во крвта.
Денес докажано е дека наглата промена на нивото на гликоза во крвта доведува до бројни здравствени проблеми, вклучувајќи и оштетување на панкреасот.
Тешко дека веднаш може да се сетите на причината поради која тоа е опасно по вашето здравје. Вистината лежи во фактот што кога во салатата не се додава маслиново масло или сончогледово масло, а ја зачинувате само со други зачини, тоа спречува апсорбирање на хранливите состојки.
Уште една студија неодамна била објавена во списанието за клиничка исхрана „American Journal of Clinical Nutrition“, a истата докажува дека корисните каротеноиди не можат да се сварат без додавање на маснотија во салатата.
Поради тоа секако дека добра идеја е да додадете малку масло за јадење во салатата. Доколку сте на диета тогаш зачинете ја салатата со 1-2 лажици маслиново масло.
Без оглед на тоа дали сте љубители на црн или пак зелен чај, и двата се здрави и полни со антиоксиданти. Тие имаат важна улога во намалување на воспалителните процеси. Во споредба со овие два вида на чај, зелениот е многу покорисен за вашето тело поради тоа што содржи помалку кофеин од црниот чај.
Покрај тоа, тој е заситен и со многу здрави состојки кои телото можеби нема доволно да ги апсорбира доколку во чајот додадете млеко.
Тоа е така поради фактот што со додавање на млекото неговите протеини се врзуваат за корисните антиоксиданти и тие не се апсорбираат.