Англиската федерација донесе одлука за обвинението од Барнли на сметка на Алиоски

Дерби

22/06/2021

14:51

4.261

Големина на фонт

а а а

Англиската фудбалска федерација конечно ја разгледуваше дисциплинската постапка за нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој беше пријавен од фудбалерот на Барнли, Двајт МекНил.

Алиоски и МекНил имаа дуел на теренот, по што членот на Лидс направи неколку гримаси на сметка на противникот, а неименуван претставник на Барнли решил да го пријави противничкиот фудбалер во федерацијата.

Алиоски сепак нема да одговара за својата постапка, а од ФА велат дека спровеле детална истрага со многу интервјуирани сведоци, но никој од нив не тврдел дека потегот на фудбалерот на Лидс Јунајтед бил дискриминаторски кон противникот.

Случајот официјално е затворен поради недостиг на докази, па Алиоски е ослободен од обвинението за овој инцидент.

Засега не е јасно дали Алиоски и следната сезона ќе настапува во Премиер лигата, бидејќи му истече договорот со Лидс, а засега нема одлука каде ќе ја продолжи сезоната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг