Мерил Стрип е кралица на актерството, а улогата во овој филм баш ја намачила – за истата била номинирана за Оскар

Точка

22/06/2021

18:55

3.662

Големина на фонт

а а а

Славната актерка која денеска наполни 72 години успеала да се избори со „проблемите“.

Мерил Стрип важи за една од најдобрите актерки на денешницата, а со право некои ја нарекуваат и „кралица на актерството“.

Холивудската ѕвезда денеска наполни 72 години, а досега сите свои улоги ги одигра маестрално и ги восхити гледачите ширум светот.

Меѓутоа, една улога ја исплашила и самата Мерил. Имено, кон крајот на 90-те години таа добила можност да го толкува ликот на Роберта Гуаспари во филмот „Music of the Heart“ на режисерот Вес Крејвен.


Тоа не била лесна задача за неа, дури ниту со толкаво искуство во актерството.

Било јасно дека се двоумела дали да го прифати предизвикот. Проектот прво го прифатила, па потоа го напуштила, за на крај да одлучи да му се врати. Морала брзо да се подготви за улогата, но вистинскиот предизвик требало да го совлада - да научи да свири виолина.

Не знаела ниту да пее, а не пак да ракува со еден од најкомплицираните инструменти.

Стрип два месеци пред снимањето на филмот секојдневно вежбала, и тоа по пет-шест пати дневно. На крајот успеала да се избори со „проблемот“, а улогата ѝ донела и номинација за Оскар.

Инаку, Стрип подоцна за потребите на филмот „Ricki and the Flash“ во 2015 година морала да научи да свири гитара.


Остварувањето „Music of the Heart“ од 1999 година е базирано на вистинска приказна.

Роберта (Мерил Стрип) е коосновач на музичко училиште „Opus 118 Harlem“ и се бори за финансирање на музичкото образование во државните училишта во Њујорк.

Тоа бил првиот филм на режисерот Вес кој не спаѓал во жанрот хорор филм или пак трилер, а воедно и негов прв филм кој добил номинација за Оскар.

Погледнете го трејлерот:



Спонзорирани линкови

Маркетинг