Британската влада ќе дозволи по 60.000 навивачи на „Вембли“ за полуфиналињата и финалето на ЕП

Дерби

22/06/2021

19:00

1.714

Големина на фонт

а а а

Британската влада денеска даде зелено светло за зголемување на капацитетот на „Вембли“ за полуфиналните и финалниот натпревар од Европското првенство.

Во ситуација кога повеќе земји правеа притисок на УЕФА да ги одземе најважните три натпревари од англиска организација и натпреварите да се играат во Рим или Будимпешта, Британците направија отстапка во однос на ковид рестрикциите.

Тоа значи дека ќе биде дозволено присуство на 60.000 навивачи во полуфиналето и финалето, што е 75 проценти до капацитетот на најпретставителниот и најпознат стадион на англиско тло.

Британците имаат уште еден проблем кој мора да го решат, а кој и донесе неизвесност околу организацијата, а тоа е како ќе обезбедат можност за присуство во земјата на неколку илјади ВИП гости на УЕФА, кои сега не би можеле да влезат поради строгите правила за карантин.

Засега владата и УЕФА ги продолжуваат преговорите и допрва ќе биде објавено какво решение ќе биде пронајдено, а дотогаш организацијата на завршните три средби и натаму нема да биде сигурна за Лондон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг