Енди Џеси на чело на „Amazon“: Дипломирал на Харвард, има 85.000 акции во компанијата, а вработените го нарекуваат „ајкула“

Супермен

08/07/2021

14:07

1.938

Големина на фонт

а а а

Досегашниот директор на “Аmazon“, Џеф Безос, кој беше на чело на компанијата од нејзиното основање, официјално замина од таа функција, а ќе го замени Енди Џеси.

Џеси од 2003 година е на чело на веб-сервисот на “Аmazon“, има 53 години и дипломирал на Харвард.

Безос беше 27 години на чело на “Аmazon“, а под негово водство, компанијата стана една од најистакнатите светски технолошки компании. “Аmazon“ моментално доминира со интернет трговијата во САД и во делови од Европа и служи како движечка сила во поголемиот дел од модерниот веб, благодарение на своите веб-сервиси.


Енди Џеси ѝ се придружил на компанијата набрзо откако дипломирал на деловната школа на Харвард во 1997 година и го водеше веб-сервисот од неговото основање во 2003 година. Како што наведуваат медиумите, Џеси ги донесува своите најважни одлуки во „Chop“ (Charterhouse of Parma), конференциска сала сместена недалеку од неговата канцеларија во Сиетл. Еден вработен во “Аmazon“ своевремено изјавил:

„Ако одите на состанок со Енди во „Chop“, подобро бидете подготвени“.


Истиот работник навел и дека „Џеси е ајкула која може да намириса крв од 100 милји, ако не сте спремни“. Тој од својот тим го очекува најдоброто, а ретко и кој би помислил дека Безос би довел некој кој не е строг и внимателен на такво важно место.

Сепак, медиумите пишуваат и дека Џеси е многу пријатен човек. Како што велат, тој со вработените постојано се поздравува, а често ги прашува и дали се добри и како се нивните семејства. Неговите стандарди се високи, но тој е човечко суштество, пишуваат медиумите и додаваат дека ова за Безос не се слушаше толку често.


Најбогатиот човек на светот претходно оваа година обелодени дека препуштањето на компанијата на Џеси ќе му овозможи да се сосредоточи на други проекти како филантропски истражувања за решавање на климатските промени, како и неговата компанија за истражување на вселената – „Blue Origin“.

Џеси во “Аmazon“ има околу 85.000 акции, вредни 287,3 милиони долари и е едно од најплатените лица во компанијата – во претходните 3 години заработил повеќе од 20 милиони долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk