Љубов која трае 16 години: Легендарниот фудбалер и неговата сопруга изгледаат брутално

Супермен

28/07/2021

13:29

6.961

Големина на фонт

а а а

Поранешниот италијански фудбалер и легенда на ФК Рома, Франческо Тоти (44), пред четири години замина во легендите откако ја заврши фудбалската кариера, а денес живее и ужива во семејниот живот и спортската пензија.

Прославениот фудбалер 16 години е во складен брак со атрактивната италијанска манекенка, актерка и водителка Илари Бласи (40) со која има три деца, синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.

На сите им е позната вечната љубов меѓу ФК Рома и Франческо Тоти, а од клубот во кој ја посвети цела своја кариера повеќе ја сака својата избраничка Илари.

Во разговор за медиумите Тоти своевремено се присетил како поминал првиот состанок со сегашната сопруга:

„Бевме во ресторан кој тогаш единствено работеше. Дојдов по неа со „Ферари“ и пред ресторанот силно ја отвори вратата која ја удри од ѕидот. Можев да ја убијам во тој момент, но се преправав како ништо да не се случило“, раскажал Тоти.

Дека Франческа и во 40-те години од животот изгледа брутално покажуваат и нејзините фотографии кои ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk