„Фајзер“ во голем плус – и тоа во сите сегменти: Ширењето на делта сојот им донесе поголема заработка од очекуваната

Супермен

28/07/2021

20:47

7.660

Големина на фонт

а а а

„Фајзер“ сега очекува целогодишна заработка во распон од 3,95 до 4,05 долари по акција.

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ во вториот квартал од годинава заработил 7,8 милијарди долари на сметка на продажбата на вакцините против Ковид-19, со што го унапредил своето работење во 2021 година.

Прогнозата поврзана со продажбата на вакцината на оваа компанија се зголемила од проценетите 26 милијарди на 33,5 милијарди долари. Причината? Ширењето на делта сојот и расправата на научниците за тоа дека треба да се унапреди вакцинирањето.

„CNBC“ пренесува дека резултатите на „Фајзер“ за вториот квартал ги надминале прогнозите на Њујоршката берза.


1. Приспособена заработка по акција е 1,07 долари, спрема очекуваните 97 центи.

2. Приходите изнесуваат 18,98 милијарди долари, спрема очекуваните 18,74 милијарди долари.

„Фајзер“ очекува дека целогодишната заработка ќе биде во распон од 3,95 до 4,05 долари по акција. Претходно очекувале дијапазонот да биде од 3,55 до 3,65 долари по акција.

Исто така, очекуваат нивото на приходите да варира од 78 до 80 милијарди долари, а претходно било проценето дека тоа ќе биде од 70,5 до 72,5 милијарди долари.


Алберт Боурла изјавил дека „вториот квартал бил извонреден на многу начини“:

„Најочигледно, брзината и ефикасноста на нашите напори со „БионТек“ да помогнеме во вакцинацијата на жителите ширум светот против Ковид-19 беше без преседан, со сега над милијарда дози на вакцините испорачани на глобално ниво“, истакнал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk