„Huber Era“: „Lamborghini“ кое го одзема здивот

Супермен

29/07/2021

13:22

3.018

Големина на фонт

а а а

Неодамна претставениот „Aventador Ultimae“ означи крај на една ера: последниот „Aventador“ во 10 години производство и последниот „Aventador“ кој користи V12 мотор за погон.

Пред вас е автомобил кој му оддава почит на тоа наследство и кој од таа причина го носи името „Era“, заедно со името на компанијата „Huber“ која стои зад сето тоа.

Компанијата одлучила да ја отстрани предната и задната маска и да користи поагресивни компоненти од карбонски влакна.


Предната страна има огромен сплитер, а задната има редизајнирани издувни цевки во средината. Достапна е и опциона „чизма“ од карбонски влакна, а наместо знакот на „Lamborghini“, стои знакот на тјунинг куќата. Ваквиот потег можеби изгледа по малку екстремен со оглед на тоа што се заменети само браниците, но „Lamborghini“ го одобрил тоа.

Имено, Фабио Ламборџини, внук на Феручи Ламборџини присуствувал на откривањето на „Huber Era“ на посебен настан во Велика Британија, одржан во Роунибери Хаус во Хертфордшајр.

Во план е производство на вкупно 21 примерок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk