Ресторан во Њујорк одбива да служи гости кои не се вакцинирани: „Нервозно следевме како расте бројот на новозаразени од Ковид-19“

Супермен

29/07/2021

16:45

2.217

Големина на фонт

а а а

Ресторанот „Dame“ кој се наоѓа во Њујорк одбива да служи гости кои не се вакцинирани против Ковид-19.

Од ресторанот порачале дека ќе бараат потврда за вакцинација за гостите кои влегуваат во ресторанот и на терасите.

„Нервозно следевме како расте бројот на новозаразени во Њујорк. Не можеме да контролираме дали некоја личност која седи до нас во јавен превоз носи заштитна маска, но можеме да контролираме кој влегува во ресторанот“, изјавила косопственичката на ресторанот Патрициа Ховард, за „Insider“.


Според податоците кои ги објавил градот, околу 41 отсто од жителите на Њујорк не се вакцинирани против Ковид-19, а бројот на нови случаи е во пораст.

Ширењето на делта варијантата предизвика дополнителна загриженост, па градот им нуди на граѓаните по 100 долари, за оние кои ќе ја примат првата доза од вакцината. На тој начин сакаат да ги поттикнат граѓаните да се вакцинираат.

Ховард и другиот косопственик на ресторанот во Њујорк, Ед Сзимански, истакнуваат дека сакаат да бидат особено внимателни поради тоа што просторот во ресторанот е мал.

„За среќа, поголем дел од луѓето нè поддржуваат. Добивме околу 100 мејлови кои не ги очекувавме, а во кои луѓето ни се заблагодарија за иницијативата и затоа што се обидуваме да го одржиме општеството безбедно“, изјавила Ховард и додала дека многу од луѓето поради оваа нивна одлука одлучиле да го посетат ресторанот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk