Овој остров го нарекуваат „грчките Кариби“, а еве кои се најубавите плажи кои треба да ги посетите

Точка

15/09/2021

14:22

25.383

Големина на фонт

а а а

Лефкада им припаѓа на групата јонски острови која на посетителите им нуди широк спектар на уживања - од прекрасни плажи, природни убавини до активности на отворено.

Лефкада, која ширум светот е позната како „грчките Кариби“ е идеална за одмор на Јонското море и дестинација од соништата за сите љубители на егзотичните острови. Освен љубезни домаќини и безброј активности, Лефкада може да понуди и уживање во некои од најубавите природни пејсажи во Грција.

Во продолжение, ви претставуваме неколку плажи кои не смеете да ги пропуштите доколку патувате на ова место:

Порто Кацики

Ова е една од главните плажи на островот - белите карпи заедно со сината вода создаваат впечатлив контраст.


Егремни

Оваа плажа може да се пофали со бел песок и кристално бистра вода која привлекува многу туристи секоја година.


Катизма

Сместена 15 километри југоисточно од главниот град, Катизма е исто така една од најубавите плажи на Лефкада, со фин бел песок и тиркизна вода.


Агиос Никитас

Сместено 13 километри југозападно од Лефкада и близу до Катизма, Агиос Никитас е мало рибарско село со кристално чиста вода и прекрасни плажи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг