Статистички показател потврдува дека Барселона целосно го смени стилот на игра против Гранада

Дерби

21/09/2021

12:23

2.940

Големина на фонт

а а а

Барселона одигра само 1:1 во дуелот со Гранада на „Камп Ноу“, а овој резултат само го зголеми незадоволството меѓу фановите и притисокот врз тренерот Роналд Куман.

Холандскиот стручњак по мечот се бранел дека не може да игра тики-така со фудбалерите со кои располага со моментов, а дека Барселона целосно го променила стилот говори и еден статистички показател.

„Опта“ пресмета дека фудбалерите на Куман вчера испратиле 54 нафрлувања во шеснаесетникот на Гранада, од кои дури 45 биле во игра.

Шпанските медиуми овој податок го претставија како целосно менување на ДНК на клубот, нешто што сигурно нема да им се допадне на фановите бидејќи играта на Барселона е заштитен знак со години наназад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг