Веќе 17 години му простува: Најизневеруваната сопруга на фудбалер низ солзи првпат проговори за својот брак

Супермен

20/10/2021

14:13

12.369

Големина на фонт

а а а

Колин Руни, сопругата на Вејн Руни и мајка на четири деца, е една од омилените сопруги на фудбалерите во Велика Британија, а нејзиниот живот не бил секогаш идиличен како што делува на прв поглед.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед Вејн Руни, можеби своевремено го добил прекарот Шрек поради својот изглед, но далеку од тоа дека не освојувал жени кои ги посакувал.


Иако од средношколските денови е со Колин, со која подоцна се венчал и има четири деца, за него низ годините се ширеа информации дека со задоволство се впушта во авантури со други девојки.

Првпат за тоа се пишуваше во 2004 година кога Руни бил „уловен“ со проститутка, а Колин му го простила тоа и се венчала за него четири години подоцна.

Потоа следеле нови скандали, обвиненија, нови фотографии и сведочења кои Колин секојпат ги простувала.


Во документарниот филм „Руни“ кој наскоро ќе излезе во јавноста, сопругата на спортистот зборувала за некои од скандалите.

„Ги знаев групите со кои Вејн го поминуваше времето. Заедно со алкохол, а тоа не беше добро. Му простив, но тоа не беше прифатливо“, низ солзи кажала таа во филмот.

И самиот фудбалер прокоментирал дека тоа како се однесувал во минатото се одразувало на неговиот имиџ.


„Луѓето и натаму ме гледаат со други очи. За мене е поважно луѓето да ме паметат по тоа кој сум, а не по тоа што сум направил“, изјавил Вејн.

Инаку, Вејн и Колин се заедно 16 години, а имаат и четворица синови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk