(Видео) Најмладата милијардерка на светот богато ги наградила работниците - секој од нив добил по два авионски билети и вртоглава сума на пари

Супермен

26/10/2021

12:05

11.669

Големина на фонт

а а а

Најмладата милијардерка на светот, Сара Блејкли, великодушно ги наградила вработените за успехот на нејзината фирма „Spanx“.

Откако „Spanx“ бил проценет на 1,2 милијарди долари (бидејќи инвестициската фирма Blackstone го откупила мнозинскиот удел во компанијата), основачката на брендот одлучила да го подели богатството со нејзиниот тим.

Сара организирала забава за да го прослави успехот на нејзината фирма, а на забавата на своите вработени им рекла дека ќе ги награди, бидејќи без нив не би го постигнала тој успех.

Ги известила дека секој од нив ќе добие по 10.000 долари и по два авионски билети во бизнис класа за дестинација по избор.

Со оглед дека има 500 вработени, ова дефинитивно не бил мал гест.

„Ако одите на патување, можеби ќе сакате да излезете на навистина убава вечера, можеби ќе сакате да престојувате во навистина убав хотел, па така, со овие два авионски билети, добивате и по 10.000 долари“, објаснила Сара.

Видеото од реакцијата на вработените завршило на социјалните мрежи. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk