Вереникот на Бритни Спирс рамо до рамо со Мел Гибсон: „Се подготвувам за акција“

Супермен

27/10/2021

10:28

4.128

Големина на фонт

а а а

Вереникот на Бритни Спирс, Сем Асгари, добил улога во акционен филм со Мел Гибсон во главна улога.

Овој 27-годишен личен тренер, кој во меѓувреме стана актер, имал мали улоги во серии како што е „Black monday“.

Асгари би требало да го толкува ликот на наредникот на SWAT, во претстојниот трилер на Рандал Емет, под називот „Hot Seat“, кој ќе се снима во Лос Анџелес.

Информацијата ја потврдил и медиумскиот претставник на Асгари, Брендон Коен, а самиот Асгари минатиот месец дал индикации дека ќе биде вклучен во продукцијата.

Имено, тој на социјалните мрежи споделил видео кое прикажува како тренира и напишал: „Се подготвувам за акција“.

Филмот „Hot seat“ следи поранешен хакер кој се обидува да ограби банки откако неговиот живот бил загрозен.

Како што пишува „Deadline“: „Гибсон глуми човек кој мора да се обиде да влезе во зграда опкружена со мини за да спаси човек“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk