Го снимила камера како вози над 300 км/ч., но нема да плати казна – еве зошто

Точка

06/11/2021

15:18

40.012

Големина на фонт

а а а

Иако возел неколку пати побрзо од дозволеното, нема да сноси последици.

Белгиец, кој во октомври минатата година возел над 300 км/ч. на автопатот Е313 помеѓу Антверпен и Лиеж, нема да сноси последици. Имено, иако камерата го снимила како вози точно 306 км/ч. на делницата каде максималната дозволена брзина е 120 км/ч., за него нема казна.


Причината е од техничка природа, односно подобро кажано, причината е пропуст во атестот на самата мобилна камера. Имено, камерата NK7 управувана од радар била одобрена за отчитување на брзини до максимални 300 км/ч., а сè над таа брзина не се зема предвид и не може да биде основа за одредување на казна.

Така вели т.н. кралски декрет, што го потврдиле и надлежните служби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг