Ретка фотографија од двајцата ривали – Безос и Маск заедно на ручек: „Тешко е да поверувам дека поминаа 17 години...“

Супермен

22/11/2021

12:08

10.807

Големина на фонт

а а а

Колонизација на Месечината е главната причина за честите несогласувања меѓу основачот на Tesla, Илон Маск, и основачот на Amazon, Џеф Безос.

Сепак, фотографијата објавена на социјалната мрежа Твитер покажува дека нивниот однос не бил отсекогаш таков и дека овие двајца мултимилијардери пред повеќе од деценија и тоа како сакале да го поминуваат времето заедно.

Станува збор за фотографија која настанала пред 17 години, на која се гледа како насмеаниот Безос, денес сопственик на вселенската организација Blue Origin и Маск кој е основач на ривалската организација SpaceX, лежерно облечени заедно ручаат во ресторан.

Авторот на твитот наведува дека токму на тој ручек разговарале за почетокот на походот во вселената.

Фотографијата ја коментирал и самиот Маск:

„Wow, тешко е да поверувам дека поминаа 17 години“, напишал тој.

Овој одговор изненадил многумина со оглед на тоа што денес, 17 години подоцна од настанување на фотографијата, двајцата бизнисмени од листата на Forbes се наоѓаат пред суд - и тоа баш поради освојување на вселената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk