Модно промашување на Селма Хаек: Фановите ѝ порачуваат на познатата актерка да го промени својот стилист

Точка

22/11/2021

13:42

16.712

Големина на фонт

а а а

Со години важеше за жена која знае што значи добар стил, но во последно време критичарите сметаат дека таа го загубила чувството за мода.

55-годишната Селма Хаек, од жена со одличен стил преку ноќ стана најлошо облечената жена на планетата. Во последниот месец Хаек се појави на неколку премиери, но и модни ревии и предизвика поделени реакции со изборот на гардероба.

Токму затоа, нејзините обожаватели ѝ порачуваат што побрзо да го промени стилистот.

Последното модно промашување во низа се случило на церемонијата на откривањето на ѕвезда во нејзина чест, која е поставена на Булеварот на славните.


За оваа пригода, Селма одбрала црн фустан со миди должина за кој модните експерти велат дека би бил совршен избор за матурска вечер, но никако не би требало да го носи жена во зрели години. Освен тоа, ременот требало да ѝ го нагласи струкот, но наместо тоа, само направил нејзината фигура да изгледа неусогласено.


Хаек го надополнила стајлингот со црни салонки и сребрени детали.

Што мислите за ова издание на холивудската актерка?



Спонзорирани линкови

Маркетинг