Сегментот на компактни возила е еден од најпопуларните, но и најконкурентните на Стариот континент.
Категоријата на автомобили која уште ја нарекуваат и „Голф класа“, е на самиот врв на продажбата во Европа.
Овие модели се исклучително популарни како мали семејни автомобили, но и како службени возила и општо привлекуваат најширока група купувачи.
Љубителите на автомобили често дебатираат за тоа кој модел од компактниот сегмент е најдобар, а судејќи според продажните резултати во последните неколку децении, тоа е несомнено „Volkswagen Golf“.
Британскиот „Autocar“ направи листа од 10-те најдобри компактни модели на европскиот пазар во 2021 година, а еве како изгледа истата: