Се појавија мејловите: Маск им дал упатство на вработените – доколку не направите ништо од ова, оставка!

Супермен

23/11/2021

22:17

16.829

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, наводно ги замолил менаџерите кои не ги исполнуваат неговите наредби или не објаснат зошто тој не е во право, да дадат оставка веднаш.

До овие податоци дошол „Си-Ен-Би-Си“, по пат на протечените мејлови од компанијата на Маск.

Маск испратил два мејлови до сите вработени во Tesla во првата седмица од месец октомври.


Во тој период, Tesla испорача рекордни 241.300 возила во текот на третиот квартал од годинава и „Full Self Driving Beta“ програмата, а подоцна беше ставен на чекање поради загриженоста за безбедноста.

Компанијата исто така го изгуби спорот поради тужби кои ги поднеле поранешни вработени, а кои изјавиле дека биле вознемирувани на работна основа додека работеле како агенциски службеници.

Маск во првиот мејл на работниците им напишал за нивното слушање музика додека работат. Тој напишал дека ги поддржува „сите измени кои ја прават работата попријатна“ и дека слушањето музика е дозволено сè додека вработените имаат само една слушалка, поради безбедносни причини.


Во неговиот втор мејл се наведуваат детали за три чекори кои менаџерите треба да ги следат кога ќе примат упатства и наредби.

Маск наведува дека тие треба да му одговорат и кажат зошто нешто што тој кажал не е точно, поради тоа што тој повремено може целосно да погреши, да прашаат за појаснување или да постапат по наредба. Доколку ништо од тоа не направат ќе бидат замолени веднаш да дадат оставка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk