5 едноставни начини како да го намалите високото ниво на холестерол по природен пат

Точка

24/11/2021

15:07

18.967

Големина на фонт

а а а

Високото ниво на холестерол може да доведе до срцев или мозочен удар, но комбинацијата од здрава исхрана и начинот на живот можат да го доведат нивото на холестерол во нормала.

Еве како да го намалите високиот холестерол по природен пат:

1. Диета

Маслиново масло – екстра девственото маслиново масло содржи незаситени масти есенцијални за срцето кои го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол и ја подобруваат работата на срцето.
Зеленчук – витамините, минералите и влакната во зеленчукот ја поттикнуваат работата на срцето и содржат мал број калории.
Јаткасти плодови – јаткастите плодови се богати со влакна и здрави масти.
Ленено семе – лененото семе го намалува нивото на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот.
Лосос – масната риба содржи омега-3 масни киселини кои можат да го намалат холестеролот и да ги намалат воспаленијата.


Куркума – куркуминот го намалува нивото на лошиот, но и на вкупниот холестерол во крвта.
Лук – редовната консумација на лук во период од 2 месеци помага во намалувањето на холестеролот и ризикот од срцеви заболувања.
Бамја – оваа билка содржи влакна, калиум и антиоксиданти. Екстрактот од бамја го намалува холестеролот и шеќерот во крвта.
Мешунки – диетата што вклучува леќа, грав и грашок е поврзана со намалувањето на холестеролот во крвта.
Сладок компир – овој компир содржи протеини и други супстанци кои го намалуваат холестеролот.
Зелен чај – зелениот чај содржи антиоксиданти (катехини) и помага во намалување на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот.

2. Јадете цели житарки без глутен

Јадењето цели житарки го намалува холестеролот и ја подобрува работата на срцето. Но, глутенот предизвикува воспаленија, па се препорачува да јадете цели зрна без глутен (хељдa, киноа, кафеав ориз).


3. Одбегнувајте ја оваа храна:

- Шеќер и рафинирани јаглехидрати
- Алкохол
- Кофеин
- Транс-масти

4. Суплементи за намалување на холестеролот

- Рибино масло
- Коензим Q10
- Екстракт од лук


5. Вежбање

Постојат два вида физичка активност кои благотворно влијаат врз здравјето на срцето:

Аеробни вежби – аеробен/кардио тренинг (одење, трчање, возење велосипед) кој помага во зајакнување на срцето и белите дробови и го намалува холестеролот.

Тренинг со тегови – ваквиот тренинг доведува до контракција на мускулите, зголемувајќи ја силата и издржливоста. Тренингот со отпор (кревање тегови, клекнувања, исчекор) може да го намали вкупниот и ЛДЛ холестеролот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг