Првиот автономен електричен товарен брод го оствари првото патување

Точка

26/11/2021

19:00

42.281

Големина на фонт

а а а

Првиот електричен товарен брод под име Јара Биркленд го оствари своето прво патување во Норвешка. Бирклен пловел 14 километри од Порсгрун во пристаништето Бревик, соопшти комапнијата Јара.

Иако патувањето било кратко, компанијата Јара како производител на ѓубрива годишно прави 40.000 патувања со камиони годишно како дел од транспортот на своите производи до пристаништетото Бревик за извоз. Товарниот брод ќе ги замени камионите од наредната година со што ќе се намалаат емисиите од јаглерод диоксид за 1.000 тони.


Работата на бродот, долг 80 метри почна во 2017 година, дизајниран е да пренесува до 103 контерјнери, а го напојува батерија од 7МWh. Максималната брзина изнесува 15 јазли, а технологијата е производ на компанијата Енова која промовира употреба на обновлива енергија.


Сензорите на бродот можат да детектираат објекти како кајак, а интеграција за автономните операции го осигура компанијата Конгсберг.

Во иднина бродот ќе може самостојно да врши товар и истовар, да менува батерија и да се движи без човечка интервенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг