Ги намалува иритациите и црвенилото: Маска за лице која е спас за сувата кожа

Точка

27/11/2021

19:40

15.569

Големина на фонт

а а а

Во текот на постудените денови, нашата кожа е прва на удар. Поради ниските температури и ветрот, таа станува чувствителна, сува и е склона кон црвенило. Освен естетските промени се јавува и чувство на затегнатост, пецкање и чешање.

Во овој случај најдобро е редовно да користите маски за лице, но наместо да давате огромни пари на маски од дрогерии или да посетувате козметички салони, направете домашна и целосно природна маска за лице.


Ќе ви бидат потребни само 3 состојки, а маската е подготвена за неколку минути. Доколку ја користите еднаш неделно, вашето лице ќе биде хидрирано и нахрането, а со самото тоа и поотпорно на зимските услови.

Потребни состојки:

- ½ зрело авокадо
- ½ поголема банана
- 1 лажичка мед

Начин на подготовка:

Изгмечете ги авокадото и бананата во хомогено пире, а потоа додајте го медот и добро измешајте. Нанесете на чиста кожа и оставете да отстои 10-15 минути. Потоа измијте со млака вода и нанесете хидрирачка крема за лице.



Спонзорирани линкови

Маркетинг