Турист случајно седел покрај Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон во ресторан - ова е неговото искуство

Супермен

29/11/2021

17:12

11.347

Големина на фонт

а а а

Пол Баревијк, новинар од Холандија деновиве е на одмор во Лос Анџелес.

Седнал на појадок во хотел и сфатил дека околу себе гледа познати лица.

Покрај него седеле Ким Кардашијан и нејзиното ново момче, комичарот Пит Дејвидсон.

„Разговарав со мајка ми на мобилен телефон и сфатив дека Пит седи десно од мене. Потоа се запрашав - со кого зборува? Бидејќи, запознаена сум со најновите озборувања... Кога сфатив - Ким Кардашијан“, раскажал Пол за „People“, опишувајќи ја нивната средба.

Решил да го скрши мразот покажувајќи ѝ на Ким неколку селфиња што ги направил малку порано пред нејзината продавница SKIMS. Тој од неа побарал да направат фотографија, на што таа се согласила, а Холанѓанецот побарал од Дејвидсон да ги фотографира.

Тој потоа му рекол на Дејвидсон дека е многу популарен во Холандија поради „Saturday Night Live“, па побарал и од него фотографија.

Фотографиите ги објавил на својот Инстаграм профил и добил спомени од патувањето кои сигурно долго ќе ги памети.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk