Поголем дел од мажите не знаат како да ги препознаат симптомите за рак на простата

Супермен

29/11/2021

20:06

12.747

Големина на фонт

а а а

Поголемиот дел од мажите не се запознаени со симптомите на рак на простата, покажа ново истражување. Студијата била спроведена од компанијата YouGov која анкетирала 1.456 мажи.

Дури 68% од нив не знаеле како да препознаат симптоми на рак на простата. Симптомите се: зачестена потреба за мокрење особено навечер, потешкотии за време на мокрењето, слаб проток на мокрачата, чувство дека меурот не се испразнил во целост и крв во урината.

Доколку ракот напредувал, другите симптоми може да бидат болки во тестисите, коските и грбот, губење на апетит и губење на тежина. Анкетата покажа дека само еден од осум мажи (13%) знаат да ги препознаат најчестите симптоми, а тоа е честата потреба за мокрење.


Секој петти маж (18%) рекол дека не сака да оди на прегледа за простата, а 6% од нив навеле дека тоа дефинитивно не би го направиле. Голем број од нив рекле дека се свесни дека здравата исхрана може да го намали ризикот од оваа болест (59%).

Меѓутоа, разочарувачки е фактот дека околу третина (35%) од мажите знаат дека генетиката игра важна улога. Рак на простатата главно ги погодува мажите кои се постари од 50 години, а ризикот е поголем за оние кои во семејството некој веќе бил заболен од оваа болест. Во тој случај треба да се посети доктор.


"Важно е да се спомне дека ракот на простатата нема симптоми се додека не се прошири. Ова значи дека мажите не треба да ги одложуваат овие прегледи", рекла докторката Ејми Рајланс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk