Холивудскиот актер Хју Џекмен (53) вчера ја израдувал својата сопруга јавно, со емотивна роденденска честитка во која потврдил колку ја сака Дебора Ли Фернес и дека со право важат за еден од најзаљубените парови во шоубизнисот.
„На мојата неверојатна сопруга денеска ѝ е роденден. Не сум сигурен дали можам да го прогласам овој ден за државен празник. Но, ми изгледа дека треба да биде така. Затоа што на оваа планета не постои никој кого го познавам, а да умее да го слави секој момент од секој ден како таа. Деб, ти си ми сè. Те сакам. Среќен роденден“, ѝ порачал Хју на својата сопруга која наполнила 66 години и споделил нивна заедничка фотографија.
Да ве потсетиме, парот е заедно од 1996 година, што е доказ дека тие се ретко добар пар, со оглед на тоа што на почетокот никој не им предвидувал дека ќе останат долго заедно.
Имено, Дебора од популарниот актер е постара 13 години, но општеството не видело проблем само во тоа, туку и во фактот што оваа русокоса дама не е класична холивудска убавица.
Тие ја нарекувале и „најгрдата среќничка на светот“ затоа што успеала да го заведе и задржи еден од најпосакуваните мажи – згоден, славен, богат и шармантен.
Но, Џекмен веднаш знаел дека за него нема да постои ниту една друга жена која ќе ја сака. И, така до денес нивниот однос е прекрасен пример за стабилност и заедница.
„Кога ја сретнав не можев да опишам што чувствувам. Но, бев свесен за тоа. Никогаш во животот не сум бил толку многу сигурен во нешто. Со 100 отсто сигурност знаев дека таа е таа со која ќе го поминам останатиот дел од мојот живот. Што и да се случи, знам дека ќе бидеме заедно. Таа навистина е најдобрата жена која некогаш сум ја запознал“, истакнал актерот во една прилика.
Инаку, парот долго време сакал да има потомство, а по низа неуспешни обиди на крај посвоиле две деца – синот Оскар (21) и ќерката Ава (15).