Ибра зборуваше отворено за Југославија, односот со родителите и братот кој починал пред неговите очи: „Научив да живеам со омразата – ја претворив во оружје!“

Супермен

01/12/2021

21:51

21.800

Големина на фонт

а а а

Популарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ во интервју за италијанскиот весник „Corriere della Sera“ открил досега непознати детали од својот живот.

Ибра отворено зборувал за својата кариера, ривалите, Гвардиола, омилениот Роналдо, но и за својот приватен живот.

Златан открил дека мајка му е од Хрватска и е католик, а татко му од Босна и е муслиман.

Меѓутоа, на прашањето дали верува во Бог и живот после смртта, дал интересен одговор:

„Не. Верувам само во себе. Кога си мртов, тогаш си мртов. Дури не сум ниту сигурен дали сакам погреб или гроб, местото каде ќе патат оние кои ме сакале“, рекол Ибрахимовиќ.


На прашањето дали е суеверен, Ибра одговорил:

„Не. Не сакам кога некој ќе ми посака среќа. Не ми треба, јас одлучувам како сето тоа треба да биде“.

Ибрахимовиќ се присетил и на своето тешко детство:

„Бев дете кое секогаш патеше. Штом се родив, медицинската сестра ме испуштила од рацете од висина од еден метар и сум паднал на подот. Патев цел живот. На училиште не бев како другите деца. Останатите имаа руса коса со светли очи беа и имаа мали носеви, а јас имам голем нос и темен тен на кожа.

Зборував поразлично од нив, одев поразлично. Родителите на моите колеги пишуваа петиција за да ме исфрлат од училишната фудбалска екипа, отсекогаш ме мразеа. Поради тоа имав лоши реакции. Меѓутоа, подоцна научив да живеам со таа омраза и негативна енергија насочена кон мене, и тоа го претворив во оружје“, открил Златан.


Ибрахимовиќ зборувал и за тоа како војната во поранешна Југославија влијаела на неговото семејство:

„Моето прво сеќавање е поврзано за Југославија. Кога бев таму сè уште владееше комунизмот. Целосно различен свет. Кога почна војната мојот татко многу патеше. Секој ден ни стигнуваа вести за смрт на некој кој го познаваше.

Мене секогаш сакаше да ме заштити. Не ми даде да одам на погребот кога почина сестра му. Меѓутоа, кога брат ми почина од леукемија, тука бев. Мојот брат ме чекаше и престана да дише пред мене. Го погребавме по муслимански обреди, мојот татко не пушти ни солза. Во текот на утрешниот ден отиде на гробишта и плачеше цел ден. Сам. Мојот татко беше строг“, открил Ибрахимовиќ.

Златан зборувал и за својата блескава фудбалска кариера. Открил дека популарните „ножички“ со Англичаните од 30 метри му е најдрагиот гол во кариерата:

„Англичаните отсекогаш ме презираа, зборуваа дека никогаш нема да постигнам гол против нив. Но, ете, сепак постигнав“, изјавил Ибра.

На прашањето кој е подобар – Меси или Роналдо, дал интересен одговор:

„И двајцата се одлични, но нека биде Меси затоа што играв со него. Со него имам професионален однос. Лео живее за фудбалот, но Левандовски оваа година ја заслужи Златната топка“, бил јасен Ибра.

Познато е дека немал добар однос со Пеп Гвардиола во Барселона:

„Никогаш не ме разбра. Тој не сака играчи кои имаат цврст карактер. Станав проблем кој тој не можеше да го реши, јас го решив така што си заминав“.

На прашањето кој според него е најдобриот играч на сите времиња, Ибра одговорил:

„Дефинитивно Роналдо, оној бразилскиот. Како момче го имитирав. Што се однесува до Марадона, тој е митски играч. Кога го погледнав документарецот за него реков дека ќе одам во Наполи, и исто како и Диего ќе им го донесам скудето“, изјавил Златан.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk