„Mercedes“ го претстави најлудиот „Maybach“ во историјата

Супермен

02/12/2021

18:27

11.429

Големина на фонт

а а а

Оваа оригинална креација настанала под покровителство на двајца реномирани дизајнери.

Најновиот „Maybach“ е доказ дека имагинацијата не познава граници, особено кога дизајнерите имаат одврзани раце. Во овој случај, дизајнерите имале и врвно водство од двајца успешни во оваа област, неодамна починатиот Вирџил Аблох и Горден Вагенер.


Накратко, станува збор за „двосед, оф-роуд купе со електричен погон“ – звучи лудо, а изгледа уште полудо.

„Project Maybach“ е 6 метри долго возило со огромна предна хауба, форма на купе и низа авантуристички детали.


Целосно оригиналната изведба однапред ја креираат чудно обликуваните светла и осветлената маска, од страна приказната ја раскажуваат „обичните“ бандажи и заштитните капаци на калниците, а одзади тркалезните светла, логото на брендот и метална декорација.

Но, чудните работи не застануваат тука. Така, предниот капак е транспарентен и открива соларни панели, а заштитниот кафез на возилото е интегриран во дизајнот и поставен однадвор.


Нови изненадувања во кабината. Иако има 6 метри, вградени се само две седишта со можност за трансформирање во кревет. Комбинацијата на модерни (дигитален кокпит) и ретро елементи одлично се вклопиле во оваа идеја за теренско возило на иднината.

„Project Maybach“ е изложен во музејот Рубел во Мајами. Масовно производство не е планирано.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk