Кога Русинката ќе ги засени присутните, тоа изгледа вака: Најубавата жена на светот повторно блесна

Точка

03/12/2021

22:01

21.315

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк присуствувала на премиерата на филмот „Nightmare Alley“ во Њујорк, па вообичаено била во центар на внимание.

Многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, веќе со години владее на модните писти, а заштитно лице е и на многу од брендовите.

Нејзиниот сензуален изглед, прекрасната фигура на тело и харизмата, ѝ обезбедиле голем успех во светот на модата и нејзината појава едноставно плени со внимание.

Исклучок не направила ниту на премиерата на филмот „Nightmare Alley“ каде доминирала на црвениот тепих во атрактивна модна комбинација која била составена од панталони и блејзер.

Друштво на црвениот тепих ѝ правела манекенката Стелa Максвел, а Ирина со своето доаѓање го поддржала поранешниот партнер кој глуми во овој филм.

Интересно, еден дел од јавноста одредено време мисли дека Ирина и Бредли се смириле, па многу од нив ваквиот гест на манекенката го оцениле како потврда за тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг