Сопругата е 4 години помлада од неговиот син, но очигледно дека холивудскиот актер покрај неа се „смири“ по 4 пропаднати бракови

Супермен

03/12/2021

10:00

12.611

Големина на фонт

а а а

Николас Кејџ и Рико Шибата само неколку пати се појавиле на црвениот тепих, а оваа седмица сите погледи биле насочени кон нив.

Холивудскиот актер Николас Кејџ на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Gotham“ во Њујорк прошетал со својата петта сопруга, Рико Шибата, а среќниот пар гордо застанал пред фотографите во елегантно издание.

Тие се смешкале пред камерите и се дружеле со колегите на Кејџ, а судејќи по сè, Рико веќе се навикнала на медиумското внимание откако е во брак со холивудската ѕвезда.


57-годишниот Николас својата 31 година помлада сопруга ја запознал во нејзината родна Јапонија во 2020 година, а недолго потоа се вериле по пат на FaceTime.

Тие се венчале на 16 февруари годинава на интимна церемонија во Лас Вегас.

Инаку, Рико е родена 1995 година, истата година кога беше објавен филмот „Leaving Las Vegas“ во кој глуми Кејџ, а кој му донесе и Оскар за најдобра машка улога.


Рико е помлада четири години од синот на Николас, Вестон кој го добил со актерката Кристина Фалтон, а покрај него таа станала и маќеа на 15-годишната Кала-Ела која Николас ја има од бракот со келнерката Алиса Ким.

Прва сопруга на актерот му била актерката Патриција со која се венчал во 1995 година, а се развел во 2001 година. Вторпат во брак стапил со Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, но бракот им траел само 107 дена.


Негова трета сопруга била Алиса Ким. Се венчале во 2004 година на приватна церемонија во Калифорнија, а се развеле во 2016 година, па три години подоцна Николас застанал пред олтар со Ерика Коике во Лас Вегас. Само четири години подоцна парот се развел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk