Ибра зборуваше за љубовниот живот и првото сексуално искуство: „Дури тогаш сфатив дека Швеѓанките се русокоси и слободни“

Супермен

03/12/2021

22:01

17.926

Големина на фонт

а а а

Новата книга на Златан Ибрахимовиќ со име „Адреналин“ треба наскоро да биде промовирана. А, нема сомнеж дека истата ќе привлече големо внимание во јавноста.

Во интервјуто во кое Ибра зборуваше за својот приватен живот, за тешките моменти и како неговиот брат починал пред негови очи, зборувал и за девојките.

„Бев многу срамежлив. На првиот љубовен состанок се запрашав што треба да кажам. Доколку девојката зборуваше за нешто друго, јас секако ќе ѝ го поставев прашањето кое сум го напишал претходно. Беше болно по тоа прашање затоа што сè правев многу подоцна од моите врсници“, изјавил Златан кој открил и кога првпат водел љубов со девојка:


„Беше тоа кога имав 17 години. Тогаш првпат го напуштив гетото во Малме и отидов во центарот на градот. Дури тогаш открив дека Швеѓанките се такви какви што ги замислувате: русокоси и слободни! Во гетото девојките имаа кратка коса“.

Ибра моментално е во брак со Хелена Сегер која е 10 години постара од него, а со која има двајца синови.

На прашањето во што е тајната, напаѓачот на Милан изјавил:

„Трпение. И баланс кој таа ми го даде!“.

Да ве потсетиме како Хелена го запознала Златан:


„Тоа сигурно не беше љубов на прв поглед. Лошо го паркираше своето Ферари на паркингот во Малме и се загледа во мојот Мерцедес. Грубо му реков да го помести автомобилот. Не е лесно денес да живееш со него, но верувајте не му е ниту нему лесно со мене.

Мислам дека Златан ми се допаѓа поради тоа што можам да му се спротивставам. Имам важно потекло и кариерата ја изградив со многу откажувања. Бракот би можел да ми ги наруши чувствата на независност. Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев во животот“, раскажала сопругата на Ибрахимовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk