Американците сметаат дека Северна Кореја е главниот непријател на Соединетите Американски Држави, додека Русија е на врвот на листата недружељубиви земји, покажала анкетата на неделникот "Економист" и британската компанија за анализа на податоци "ЈуГов".
Според истражувањето, околу 55 проценти од испитаниците сметаат дека главен сојузник на Вашингтон е Велика Британија, на второ место е Канада (53%), а на трето место се Франција и Израел (38 %). Два проценти од Американците во таа категорија ја вброиле и Русија.
Кога станува збор за пријателските земји, Американците на прво место го ставиле Мексико (41 %), потоа следат Франција (37%), Германија (35%) и Кина (33%).
Меѓутоа, статусот главен непријател на САД го стекнала Северна Кореја (58 %). Во првата тројка влегуваат и Иран (44%), Авганистан и Кина (36%), а на петтото место е Русија за која гласале 34 проценти од анкетираните.