Го смени полот, се разведе од сопругата, а сега се фали со своето тело: „Конечно можам да се погледнам во огледало“

Точка

04/12/2021

13:57

19.134

Големина на фонт

а а а

Елиот Пејџ на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која гордо го покажува своето извајано тело.

Актерот кој некогаш го знаевме како Елен Пејџ, а денес како Елиот Пејџ, привлекува внимание на социјалните мрежи со своето извајано тело.

„Ох, добро. Мојот телефон работи“, напишал Елиот под фотографијата која ја споделил, а во прв план е неговoто извајано торзо.

Ѕвездата од филмот „Џуно“ во март годинава потврди дека правел операции за промена на полот.

Поточно, правел операција со која се отстранува ткивото од дојките за да се постигне посакуваниот мажествен изглед.

„Тоа целосно го смени мојот живот“, изјавил тој за магазинот „Тајм“ и додал дека операцијата го ослободила од целосниот пекол низ кој поминувал во пубертетот и му овозможила конечно да може да се погледне во огледало.


„Среќен сум што го пишувам ова тука. Дека конечно стигнав до ова место во својот живот. Благодарен сум на неверојатните луѓе кои ме поддржуваа на мојот пат. Не можам доволно да искажам какво неверојатно чувство е да се сакате самиот себе“, заклучил 34-годишниот актер.

Неговата поранешна сопруга Ема Портнер изјавила дека е многу горда на Елиот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг