„Нож во грб“ за Клои Кардашијан, посилен од било кога: Тристан Томпсон чека дете со друга жена

Точка

04/12/2021

16:00

12.007

Големина на фонт

а а а

Иако делуваше како Клои Кардашијан и Тристан Томпсон да ги оставиле зад себе неговите неверства и скандалозните афери, со брзина на светлината се прошири веста дека тој чека бебе - но со својата инструкторка.

Како што пишуваат светските медиуми, Тристан го очекува своето трето дете, но не со Клои Кардашијан.


Кошаркарот наводно чека бебе со Марали Николс, која е негов личен тренер и фитнес инструкторка.

Николс го тужела Томспон за издржување на детето, иако тоа уште не се родило. Се наведува дека бебето е зачнато во март, на 30-от роденден на Томпсон, кога бил во старо/нова врска со Клои Кардашијан, со која ја има ќерката Тру.


Томпсон признал дека имал сексуални односи со Николс неколкупати во хотелот откако заедно присуствувале на истата забава. Сепак, тој тврди дека тоа било единствен пат кога биле интимни. Николс, пак, тврди дека нивната афера траела 'барем 5 месеци', пред прославата на неговиот роденден, како и дека продолжила откако забременила.

Се наведува дека Тристан барал од својата љубовница да абортира, кога дознал дека е бремена. Трудницата по својот адвокат испратила доказ во вид на тексуални пораки кои ги разменувала со кошаркарот, каде од неа побарал да ја прекине бременоста и ѝ се заканувал дека нема да успее во своите намери.


Томпсон демантира дека тој ги испраќал тие пораки.

Николс ги избришала сите фотографии од социјалните мрежи, со порака дека сака приватност за себе и бебето, а моментално е во 38-та недела од бременоста.


За потсетување, нејзината врска со Тристан Томпсон од самиот почеток е многу контроверзна, бидејќи е познато дека ја изневерил додека била бремена, а фатен е како се бакнува со друга жена два дена откако Клои се породила. И покрај сè, таа се смирувала со него, поради што медиумите ја нарекуваа 'најголема крпа во Холивуд'.


Томпсон освен ќерката Тру, го има и синот Принс, со Џордан Грејг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг