Хорор во Германија: Во Берлин пронајдени пет безживотни тела, меѓу кои три деца – имале прострелни и убодни рани

Макфакс

04/12/2021

20:01

4.007

Големина на фонт

а а а

Полицијата пронашла пет мртви тела во станбена зграда во Сенциг, јужно од Берлин. Меѓу нив се три деца.

Оваа вест за германски „Билд“ ја потврди и портпаролот на полицијата.

„Непосредно претпладне пронајдовме пет безживотни тела. Пред тоа ни се јави граѓанин кој беше загрижен бидејќи извесно време не ги видел соседите. Одредот за убиство веднаш излезе на терен, бидејќи засега не е исклучена опцијата за кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата.


Истражителите се на терен и како што изјавиле, се работи за две 40-годишни лица и деца на возраст од 10, 8 и 4 години, кои се убиени. На телата се забележани пет прострелни рани и убодни рани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг