(Видео) Алтернатива одлучи да ѝ се приклучи на Владата

Точка

04/12/2021

21:26

4.875

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на партијата Алтернатива, Oрхан Муртезани, на вечерашната прес-конференција соопшти дека партијата ќе се приклучи на актуелното парламентарно мнозинство и Владата.

Ова е одлуката од состанокот на Централниот совет на Алтернатива, донесена по три средби на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка, Зоран Заев.

„Централното собрание одлучи со мнозинство гласови да се приклучи на актуелната Владата. Пред сѐ причини се почетокот на преговорите со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија. Постигнувањето на овие договори е победа за Албанците во Македонија, партијата и Македонија. Алтернатива успеа да докаже дека таа не е декор“, рече Муртезани.

Портпаролот на Алтернатива информираше дека утре официјално ќе се потпишат сите договорени точки од двата претседатели на партиите, Заев и Гаши.




Спонзорирани линкови

Маркетинг