Џереми Кларксон, водител на емисијата "Top Gear" добил интересен подарок за Божиќ и се пофалил на социјалните мрежи.
Џереми добил "Мини" во црвена боја од својата 27-годишна ќерка Емили.
Тој со своите 4 и пол милиони фанови споделил фотографија од подарокот и напишал:
"Погледнете што мојата луда, брилијантна и глупаво великодушна ќерка ми купи за Божиќ".
Изборот на минијатурниот автомобил е феноменален, но проблемот е во тоа што Кларксон е висок речиси 2 метри и влезот во еден таков автомобил за 61-годишен маж може да биде проблем.
Инаку, Емили неодамна го разочарала својот татко бидејќи во платено спонзорство на Форд напишала дека обожува електрични автомобили, поточно - целосно електричниот "Mustang Mach-E"
Во свој стил изјавил дека не сака да има електричен автомобил:
"Имам 60 години, ќе возам автомобили на бензин додека не умрам, не можам да возам нешто што нема убав звук".