Ја нарекуваат „српската Џеј Ло“: Првата девојка на Ѓоковиќ воопшто не наликува на Јелена, а сепак Новак бил лудо вљубен во неа

Супермен

14/01/2022

17:50

19.402

Големина на фонт

а а а

Иако се запознале во средно училиште, Новак пред Јелена имал девојка. Еве како изгледала таа.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ се венчале во 2014 година, а пред тоа биле во повеќегодишна врска.

Пред Јелена, Новак бил во емотивна врска со Лидија Поповиќ. Сега Ѓоковиќ е семеен човек, има син и ќерка, а во младите денови бил поврзуван со многу убавици. Една од нив успеала да го освои неговото срце – Лидија.

Тоа било пред српскиот тенисер да стане планетарно популарен и најдобар на светот во својот спорт, а кариерата на Новак пресудила за таа љубов.

Не многу долго по раскинувањето со Лидија, Новак ја започнал врската со Јелена која денес му е сопруга.

Меѓутоа, и Лидија Поповиќ денес е дел од јавната сцена. Таа е познат диџеј, а настапува под името Лејди Ли и на социјалната мрежа Инстаграм има над 400.000 следбеници.

Пред две години Лејди Ли имала повеќе од 80 настапи во странство, а најмногу на просторите на Азија, а од еден од нив наводно заработила 30.000 евра.

Лидија ја нарекуваат и српската Џеј Ло, а во едно интервју открила каква била нејзината врска со Ѓоковиќ.

„Ноле за време на нашата врска постојано беше насмеан и внимателен, но тоа беше кога немаше обврски како што има денес. Сега носи голем товар како славен маж во светот на спортот. Секако дека Ноле не е „папучар“... Новак е социјален тип и џентлмен, барем како таков го паметам јас“, изјавила Лидија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk