Трките со автомобили се нејзиниот животен потег и ужива во тоа: „Сакам да ги инспирирам другите жени“

Точка

17/01/2022

11:30

44.692

Големина на фонт

а а а

Линдзи Бревер (24) е млада девојка која јавноста ја изненадила со својот избор на тркачка кариера.

Иaко e навикната пред публиката да се појавува во комбинезони, таа сепак знае да позира и во провокативни изданија.

Така, неодамна била фотографирана на некоја плажа во Мајами како си го искористува своето слободно време на најдобар можен начин со пријателите.

Во таа прилика носела дводелно жолто бикини кое ја истакнувало нејзината фит фигура, а папарацо фотографите нејзините моменти на уживање ги забележале во текот на нејзиното уживање на плажа.


Инаку, оваа 24-годишна девојка започнала да се трка на 11 години, а како што изјавила во некое интервју за странските медиуми, сè започнало кога нејзиниот татко ја однел на роденденска забава кај некој пријател.

Настанот на крај бил и првиот чекор на Линдзи во светот на картингот.

„Беше тоа некој вид на картинг патека, каде сите одат поради забава. Се тркав со други деца на забавата, но кога видов дека сум многу подобра од нив, му реков на татко ми: Навистина сакам да учествувам на трки“, раскажала таа.

Линдзи вели дека во трките со автомобили го пронашла својот животен повик и се надева дека со својот пример ќе ги инспирира и другите млади жени и девојки да се обидат да го прават тоа.

„Сакам да ги гледам жените во овој спорт. Колку повеќе девојки гледате како влегуваат во тркачките автомобили, тоа сè повеќе ќе стане норма“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг