(Видео) Како на филм: „Паркирање“ какво што не се гледа често

Супермен

17/01/2022

15:01

13.991

Големина на фонт

а а а

Видеоматеријалите од надзорните камери ширум светот сведочат за возачките маки во текот на паркирањето, но оваа снимка нѝ покажува нешто сосема поинакво – бидејќи возачот немал ни намера да се паркира.

Според достапните информации, инцидентот се случил во Кина, а на видеото се гледа црн „Peugeot“ автомобил како се движи со голема брзина по влажен коловоз. Во еден момент, тој се приближува до тротоарот и место на кое се паркирани автомобили.

Откако возачот изгубил контрола над возилото, автомобилот силно удрил во тротоарот, се кренал во воздух, ги „прелетал“ паркираните возила и атерирал на празното паркинг место.

По неверојатното „паркирање“, на видеото се гледа како возачот излегува од автомобилот и со неверување гледа што се случило.

А да не биле надзорните камери, тешко кој би поверувал во оваа приказна...

Мастер парковки.

#нашгараж

Posted by Dmitrij Prokopov on Wednesday, January 12, 2022


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk