(Видео) Вчера сопругата Јелена не го пречека Новак на аеродромот во Белград: Дали само таа единствено ја почитува неговата желба?

Супермен

18/01/2022

08:46

15.227

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ вчера пристигна во Белград, а на аеродромот не го пречека неговата сопруга Јелена.

Цели 11 денови траеше вистинската драма наречена „Новак Ѓоковиќ во Австралија“.

И, откако беше донесена одлуката Новак да не настапува на Австралија опен, тој се врати во Белград.

На аеродромот го дочекаа обожавателите и навивачите, но не и неговата сопруга Јелена.


Имено, самиот Новак неколку пати изјави дека му пречи вниманието кое овој настан го привлекува и дека моментално не сака ништо да коментира.

Очигледно дека само Јелена ја исполнува неговата желба, па по повод на целиот овој настан се огласи само еднаш, и тоа за време на Божиќ, со овие зборови:

„Среќен Божиќ на сите кои денес го слават. Мир Божји! Ви посакувам да бидете здрави, среќни, сигурни и со своите семејства. Би сакала моето семејство денес да е заедно, но утеха ми е тоа што сме живи. И, ние ќе растеме од ова искуство. Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го користите својот глас да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг.

Длабоко да вдишам и да се смирам и да најдам благодарност и разбирање за сè што се случува. Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме без оглед на тоа каде се наоѓаме е љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, порача Јелена.

Поради тоа што желбата на Новак е сега да се одмори да не се огласува јавно за настаните коишто се случија, веројатно Јелена одлучила да го пречекала дома, а не на аеродромот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk