Како се пие витамин Д за телото најдобро да го апсорбира? Овие 4 работи се клучни, а доколку не ги правите, нема да го почувствувате дејството на витаминот врз имунитетот и коските.
Ако земате суплемент витамин Д, можеби мислите дека со тоа што сте започнале да го пиете секој ден, сте го „решиле проблемот“. Но, тоа е далеку од вистината!
Суплементите не се магични пилули и за телото да искористи што повеќе од овој витамин, мора да се создадат оптимални услови во системот за варење, особено во тенкото црево.
Овие 4 работи се клучни за телото да апсорбира што повеќе витамин Д – еве како се пие:
Многумина не знаат колку е ова важно! Пребиотските влакна му се омилената храна на нашиот микробиом, а нивното внесување гарантира дека тој ќе функционира како што треба. Овошјето, зеленчукот, мешунките и семињата се намирници богати со влакна кои би требало да ги внесувате секој ден.
Витаминот Д е растворлив во масти, поради што суплементот често е во облик на капсули кои содржат некој вид масло. Важно е маслото да биде квалитетно, па дури и ако земате витамин Д во форма на „суви“ пилули, земете со него и малку маслиново масло. Телото ќе апсорбира 32 отсто повеќе!
На тој начин ќе му обезбедите на телото сè што му треба за микробиомот да функционира оптимално. Во телото се наоѓаат помеѓу 300 и 500 видови микроорганизми и секој од нив има свои „потреби“, но сите сакаат пробиотици.
Овој минерал е клучен за искористување на витаминот Д во телото. Ако немате доволно магнезиум, непотребно сте трошеле пари на витамин Д суплемент. Магнезиумот е неопходен за да се спроведе циркулацијата на витамините и нивното врзување за ткивата.