Ударна вест од Англија: Ѓоковиќ подготвува тужба поради лош третман, ќе бара отштета од 3,8 милиони евра од Австралија?

Супермен

20/01/2022

09:18

14.529

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, Новак Ѓоковиќ одлучи да молчи додека не заврши Австралија опен, но од разни страни пристигнуваат вести за најдобриот тенисер на светот.

Овојпат англиски „The Sun“ ја пренесе информацијата дека Ѓоковиќ сака да ја тужи Владата на Австралија и притоа да бара 3.800.000 евра.

Споменатиот весник се повикал на извор близок до менаџерот на Новак, Едуард Арталди.

„Добропознато е дека Новак и неговото семејство сметаат дека третманот во карантинскиот хотел во Мелбурн бил очаен. Неговата мајка открила дека собата била полна со инсекти“, наведени се зборовите од изворот во британскиот весник.

Исто така наведено е дека Новак и неговиот тим сметаат дека најдобриот тенисер на светот е оштетен за 2.760.000 евра, колку што изнесува наградата за победник на Австралија опен.

Ќе потенцираме само дека ваквата информација мора да се земе со резерва поради тоа што истата ј пласирал споменатиот весник кој важи и за таблоид.

Но, каде што има оган има и чад, а во наредниот период ќе дознаеме повеќе информации околу сето тоа, доколку таква тужба навистина се подготвува.

Да ве потсетиме, Новак во Австралија тргна на 4 јануари, а по тој повод тој напиша порака дека добил медицинско изземање за вакцинацијата. Меѓутоа, еден ден подоцна на Новак му беше оневозможен влез во Австралија.

Потоа Ѓоковиќ беше испратен на неколку сослушувања и сместен во притвор на аеродромот во Мелбурн. По тој повод се огласи и таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ, кој најави собири во одбрана на Ѓоковиќ.


Малтретирањето на Ѓоковиќ продолжи и по аеродромот поради тоа што тој беше сместен во хотел во кој не добивал доволно храна.

Новак првпат се огласи на Бадник.

Србите од Австралија се собраа пред хотелот во кој беше сместен Новак и секој ден му даваа поддршка. Ѓоковиќ и неговиот адвокатски тим веднаш поднеле жалба на одлуката за забрана за влез во државата.

Без оглед на сите притисоци, Новак ја доби визата на суд, а потоа министерот за имиграција Алекс Хок одлучи повторно да ја укине неговата виза, по што судот ја одби жалбата која ја упати Новак и неговиот адвокатски тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk