Јокиќ повторно се „исклучи“ и тргна кон судијата, Мелоун спречи нова глупост

Дерби

20/01/2022

15:28

11.851

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ пред само два дена истакна дека е многу посмирен и ги игнорира судиите во НБА лигата со цел да избегне нови исклучувања, но ова утро, малку фалеше одново да биде преселен во соблекувалната.

Србинот блескаше во победата над Лос Анџелес Клиперс во партија во која уфрли 49 поени, вклучувајќи и клучна асистенција за победа на една секунда пред крајот.

Јокиќ беше нерешлива енигма за противничките дефанзивци кои не бираа средства во обидот да го оневозможат да направи нешто повеќе, но во една таква ситуација, добра вест за Никола беше тоа што тренерот Мелоун беше блиску до него.

Ѕвездата на Денвер му се пушти на судијата и беше на работ да добие ново исклучување оваа сезона, но за негова среќа, Мелоун интервенираше навреме и спречи нова глупост на Јокиќ кој дефинитивно има проблем со судиите оваа сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг