Студент со години се фотографирал како седи пред компјутер, поради тие фотографии станал богат

Супермен

21/01/2022

21:54

16.510

Големина на фонт

а а а

Султан Густаф Ал Гозаил, студент по информатика од Индонезија, се збогатил преку ноќ.

Во период од четири години тој направил речиси илјада селфи фотографии пред својот компјутер. Својата колекција на фотографии потоа ја трансформирал во NFT (единствени дигитални артикли кои се купуваат, продаваат на блокчеин).

Тој мислел дека ќе биде забавно да се фотографира секој ден во иста поза и на исто место.

22-годишното момче прво на секоја фотографија одредил цена од само 0.00001 ETH (околу 3 долари), пренесува „The Independent“. Но, набрзо потоа вредноста на неговите фотографии се зголемила.

Фотографиите привлекле внимание кај високоризичните трговци на криптовалути, па сега поединечни фотографии се продаваат за повеќе од десет илјади долари. Пред десет дена тој се огласил на Твитер за да каже дека продава NFT.

„Ја вчитувам својата фотографија во NFT“, напишал тој, а веќе следниот ден напишал: „Не можам да верувам дека луѓето всушност ги купуваат моите NFT фотографии, 35 од нив се продадени во еден ден“.

Над 200 неговите селфи фотографии се продале во еден ден на платформата „OpenSea“, а потоа уште 100-на биле купени во наредните денови.

„Мислев дека би можело да биде смешно и забавно еден од колекционерите да купу фотографија од моето лице. Никогаш не мислев дека некој ќе сака да купи толку селфи фотографии, поради што како почетна цена ставив 3 долари“, изјавил Гозаил.

Цената на неговите селфи фотографии сега изнесува 4 ETH (околу 11.300 долари) за една. Целата колекција е наречена „Ghozail Everyday“, а е проценета на 374 ETH (милион долари).

Локалните власти го контактирале за да го упатат на плаќање данок, но тој вели дека неговите родители не знаат дека се збогатил.

„Да бидам искрен, сè уште немам храброст да им кажам на родителите. Тие би се запрашале од каде имам толку пари“, изјавил овој студент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk