Веројатно идните невести ќе ги интересира одговорот на прашањето: Какви венчаници ќе бидат актуелни оваа година?
Иако ние секогаш советуваме дека при изборот треба првенствено да се водите од вашиот личен сензибилитет, стил и персонални карактеристики, сепак не е на одмет добро да се информирате какви модели на венчаници ќе бидат актуелни во 2022 година, а тоа можеби ќе ви даде и некоја нова идеја пред да ја донесете вашата конечна одлука.
Детално ги разгледавме актуелните венчални колекции на модните брендови, ги „разлиставме" и престижните онлајн списанија за венчаници, па направивме резиме од неколку трендови што оваа година ќе бидат популарни кај венчаниците.