Ретро електро: Класичниот „MINI“ отсега и во електрифицирано издание

Супермен

26/01/2022

19:25

9.623

Големина на фонт

а а а

„MINI“ им се придружи на сè поголемиот број произведувачи кои лансираа сопствена програма за електрификација на старите автомобили.

Формиран е посебен тим кој ќе ја води програмата „Recharged“. Идејата е класичните „MINI“ автомобили да се освежат со електрификација, а во процесот на трансформација, нивниот бензински мотор се заменува со електромотор од 122 коњски сили.

Според достапните податоци, обновениот класик е далеку поенергичен и достигнува 100 км/ч. за околу 9 секунди. Максималната брзина е непозната, но се знае дека автономијата во возењето е околу 160 километри.


Добрата вест за оние кои можеби подоцна ќе се покајат е дека е можно враќање на старото. Имено, секој отстранет мотор е означен и складиран, така што во секое време може да се врати оригиналниот бензинец.

Исто така, по конверзијата, „MINI“ изгледа исто, додека единствениот новитет во кабината е изменетата инструмент табла со ретро дизајн.

Цената на модификациите не е позната, но како водич може да послужи податокот што некои помали работилници во Велика Британија нудат слични трансформации за околу 25.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk