„На Кирјос му е простено, а тоа да го направеше Новак...“: Британскиот колумнист напишал за Австралија Опен сè за што во Мелбурн молчат

Супермен

27/01/2022

18:00

11.606

Големина на фонт

а а а

Сајмон Бригс, колумнист на весникот „Daily Telegraph“, смета дека Ник Кирјос добро поминал што не е дисквалификуван во Мелбурн.

Тој се потсетил на детаљ од натпреварот во четвртфиналето во дубл кога Кирјос ненамерно погодил дете на трибините со топче, по што тоа се расплакало, а тенисерот истрчал до него и му подарил рекет.

Бригс во колумната истакнал дека Австралија зазела прилично „мек“ став кон многу теми, потсетувајќи што му се случи на Новак Ѓоковиќ на УС Опен 2020 година:


„Отсуството на официјална цензура е воочливо. Никој не кажа ниту збор. Во текот на четвртфиналето во вторникот, Кирјос упати едно тениско топче кон трибините, директно мавајќи во дете. Кога Новак Ѓоковиќ направи нешто слично на УС Опен во 2020 година, беше дисквалификуван. Сепак, судијата Ева Асдераки-Мур која не е позната како некој кој е „мек“, дозволи сето тоа да помине. Да го завршеше натпреварот по само 3 гема, веројатно ќе настанеа нереди“, пишува Бригс.

Британскиот новинар констатирал дека Кирјос е некој кој „на тенисот му е повеќе потребен отколку што не му е“.

„Кирјос може да биде непристоен и остар, тоа е човек кој еднаш заработи казна затоа што симулираше секс со шише со вода во текот на промената на страни. Тој е исто така сериски губитник, во однос на неговото интергалактичко ниво на талент“, порачал Бригс.

И самиот Ник Кирјос по мечот признал дека се плашел од најлошото:

„Видов како топчето оди директно кон детето и си помислив: ‘Ох не, ќе бидам дисквалификуван’“, рекол тенисерот.

Само што тоа, за негова среќа, не се случи и сега заедно со Танаси Кокинакис е во финалето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk