„Ford“ го претстави „Bronco Papa Edition“, автомобил посветен на папата Франциск кој оди на аукција

Супермен

27/01/2022

21:43

9.271

Големина на фонт

а а а

„Ford Bronco“ е вистински хит на американскиот пазар, а по безбројните трендовски верзии и додатоци, доби изведба посветена на папата Франциск.

Уште на почетокот да нагласиме дека не станува збор за нов папамобил, па дури ни за автомобил кој ќе добие каква било црковна улога. Идејата е далеку поблагородна, а тоа е дека за неколку дена ќе биде понуден на аукцијата Барет-Џексон. Собраните средства од продажбата ќе бидат донирани во Центарот на папата Франциск во Детроит, кој се грижи за многу бездомници.


Официјалното име на моделот е „Ford Bronco Pope Francis Center First Edition“, а однадвор се дистанцира со Вимблдон бела боја, која беше понудена на оригиналниот „Bronco“ од 1966 година. Контрастните детали се изведени во црвена боја, додека специјалните додатоци како дополнителниот браник, се обоени во мат сребрена боја.


Дополнителен знак за распознавање е јасно истакнатото име на специјалната верзија и додатоците од линијата „Ford Performance“, како што се кровните светла и дополнителното осветлување на страните. И во кабината преовладува комбинацијата на бела боја со црвени детали, а двобојните седишта во црно-бела комбинација на кожа и винил го комплетираат впечатокот на автомобилот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk