По неколкумесечни шпекулации „Google“ конечно го претстави „Pixel Watch“.
Сепак, не станува збор за класична презентација затоа што многу информации остануваат непознати, како на пример видот на процесорот, изборот на големината, бојата и најважно – цената.
Паметниот часовник ја претставува најлошо чуваната тајна во технолошката индустрија, откако прототипот бил заборавен во некој американски ресторан. Поради тоа, не дознавме ништо ново за дизајнот и оперативниот систем.
Пред нас е уред со кружен облик, изработен од не’рѓосувачки челик кој го придвижува „WearOs“ и кориснички интерфејс (UI) за подобра навигација и паметни нотификации.
Компанијата истакнува дека ќе ги понуди познатите „Google“ апликации (Maps, Assistant, Wallet, Home), како и интеграција со „Fitbit“.
Google finally announces the Pixel Watch https://t.co/XCGlExMC2h pic.twitter.com/TBJfmbFjJe
— The Verge (@verge) May 11, 2022
Споменатата интеграција можеби е најважниот новитет откако технолошкиот гигант го купи „Fitbit“ за 2,1 милијарди долари.
Корисниците ќе можат да ја контролираат работата на срцето, квалитетот на спиењето и другите здравствени сегменти.
Произведувачите истакнуваат декa податоците кои ги добива „Fitbit“ остануваат раздвоени од „Google“ датотеките и целосно заштитени.
Кога станува збор за цената, „Google“ истакнува дека „Pixel Watch“ е „премиум уред“, но не ги откриле понатамошните детали.
Доколку би сакале да го користите заeдно со телефон, ќе мора да знаете дека е потребен „Android 8“ или пак понов оперативен систем, како и „Google“ профил.
Значи, уредот нема да биде компатибилен за „Apple“ телефоните, како што не е ниту „Samsung Galaxy Watch 4“.