За првпат направена фотографија од супермасивна црна дупка во центарот на нашата галаксија

Точка

12/05/2022

18:56

51.221

Големина на фонт

а а а

Фотографијата која ја објави „Event Horizon Telescope Collaboration“ прикажува црна дупка во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат.

Црната дупка се нарекува Стрелец А* и се наоѓа близу границата помеѓу соѕвездијата Стрелец и Шкорпија. Таа е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце.

Фотографијата ја направиле 8 синхронизирани радиотелескопи ширум светот.

Опишувајќи ја фотографијата, од Европската јужна опсерваторија (ESO) навеле дека „иако не можеме да ја видиме самата црна дупка бидејќи е потполно темна, вжештениот гас околу неа открива за што станува збор: тоа е темно централно подрачје, наречено „сенка“, опкружено со светла прстенеста структура. Аголот од кој е настаната фотографијата фаќа светлина обвиена од моќната гравитација на црната дупка која е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце“.

„Фотографијата е долгоочекуван поглед на масивен објект кој се наоѓа во самиот центар на нашата галаксија. Научниците претходно забележаа ѕвезди како кружат околу нешто невидливо, компактно и многу масивно во центарот на Млечниот пат. Ова силно сугерира дека овој објект – познат како Стрелец (Saggitarius) A* е навистина црна дупка, а денеска објавената фотографија овозможува прв директен визуелен доказ за тоа“, стои во соопштението на „ЕSO“.

Се проценува дека црната дупка е оддалечена околу 27.000 светлосни години од Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг